Breaking News

Руски и кубански претставници ја разгледаа соработката во областа на безбедноста


Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, вчера во Хавана се сретна со поранешниот лидер на Куба, Раул Кастро, за да разгледаат соработката во областа на безбедноста.


На средбата, како што јавуваат западните агенции, била упатена покана до рускиот претседател Владимир Путин да ја посети островската држава.


„Се разговараше за повеќе прашања од руско-кубанската соработка во областа на безбедноста.

Николај Патрушев го уверил Раул Кастро дека Москва останува обврзана со духот на стратешкото партнерство меѓу двете земји“, соопшти прес-службата на рускиот Совет за безбедност.


Руските медиуми јавија дека Патрушев се сретнал и со кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел и со него разговарале за билатерална соработка во сферата на безбедноста, економијата и културата.

Двајцата истакнаа дека Русија и Куба се сигурни сојузници кои развиваат активна интеракција во различни области, одржувајќи го континуитетот на курсот кон продлабочување на руско-кубанските врски.


рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА