Breaking News

Руски доброволци кои се борат за Украина нападнаа село во Русија


Руски доброволци кои се борат за Украина денеска изјавија дека нападнале руско село во близина на украинската граница, во копнена операција што следеше по нападот со беспилотно летало врз неколку региони на Русија.


Како што се наведува, припадниците на таа единица уништиле оклопно возило во село во областа Курск. Гувернерот на тој руски регион потврди дека нападот е во тек.


Тој рече дека едно лице е полесно повредено, но негираше дека имало „пробивање“ на напаѓачите. паг/Фото: МИА архива   .

Извор: МИА