Breaking News

Руската противвоздушна одбрана уништи 32 украински беспилотни летала


Руските системи за противвоздушна одбрана уништија 32 украински беспилотни летала над регионите Брјанск, Ориол, Курск и Москва, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.


„Синоќа беше запрен обидот на режимот во Киев да изврши терористички напад со помош на беспилотни летала врз објекти на територијата на Руската Федерација“, објавено е на Телеграм каналот на руското Министерство за одбрана.


Областите Брјанск, Курск и Орлов се наоѓаат на западот на Русија, долж границата со Украина. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА