Русите истрелале проектили кон лажна цел во Јапонското Море


Руската морнарица истрелала суперсонични противбродски ракети врз лажна цел во Јапонското Море, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.


– Во водите на Јапонското Море, ракетните бродови на Пацифичката флота истрелаа крстосувачки ракети од типот Москит врз лажна непријателска морска цел, соопшти Министерството на својата интернет страница.


Руското Министерство за одбрана прецизираше дека целта, која се наоѓала на оддалеченост од околу 100 километри, била успешно погодена со директен удар од две крстосувачки ракети Москит. јт/

Москва, 28 март 2023 (МИА)