Breaking News

Русија лансираше неколку ракети „Кинжал“ кон Киев, Виница и Житомир, тврдат украинските ВВС


Русија утрово ја нападна Украина со неколку ракети Кинжал, соопшти Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина.


На каналот Телеграм на украинските воздухопловни сили беше наведено дека ракетите биле лансирани кон Киев, Виница и Житомир, пренесуваат украинските медиуми.


Претходно беше објавено дека Русија лансирала ракети Х-101/555/55 од шест авиони Ту-95МС. Воздушна закана е на сила на целата територија на Украина. сд/фото:МИА архива .

Извор: МИА