Breaking News

Русија ќе забрани извоз на бензини од март до септември


– Русија од 1 март на половина година ќе го забрани извозот на бензини, изјави портпаролката на Александар Новак, вицепремиер задолжен за надзор на енергетскиот сектор во земјата.


Со овој потег Москва има намера да ја компензира зголемената побарувачка на домашните потрошувачи и земјоделци и да овозможи планирано сервисирање на рафинериите.


Русија усвои слична забрана и меѓу септември и ноември минатата година за да се справи со високите домашни цени и недостигот од горива.

Само четири земји беа изземени – Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан, кои некогаш беа дел од Советскиот Сојуз и сега ја формираат Евроазиската економска унија.


Овие четири земји треба повторно да бидат изземени, заедно со Монголија, Узбекистан и двата отцепени региони на Грузија поддржани од Русија – Јужна Осетија и Абхазија. сд/ .

Извор: МИА