Breaking News

Русија ја поддржува кандидатурата на Индија за прием во СБ на ОН


– Русија ја поддржува кандидатурата на Индија за прием во Советот за безбедност на Обединетите нации, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорот со неговиот индиски колега Субрамањам Џаишанкар.


– Самитот на Г20 во Њу Делхи што се одржа минатата година беше вистински триумф на индиската надворешна политика, триумф на мултилатералната дипломатија што стана возможен во значителна мера затоа што (Индија) претседавачот на Г20 не дозволи конечната декларација да биде еднострана, туку го одразуваше балансот на интереси, нагласи Лавров.


Тоа е модел на работа во рамките на Г20, но и во Советот за безбедност на ОН и ја поддржуваме кандидатурата на Индија за приклучување кон ова тело, додаде шефот на руската дипломатија.

Онлајн самитот на Г20 го организираше Индија, која годинава беше претседавач, а рускиот претседател Владимир Путин им се обрати на учесниците на самитот преку видео врска.


Советот за безбедност има 15 членки – пет постојани и 10 ротирачки.

Постојани членки се Велика Британија, Кина, Русија, САД и Франција, а Генералното собрание на ОН избира ротирачки членови секоја втора година.


Индија, заедно со Јапонија, Бразил и Германија, е дел од групата земји кои активно се обидуваат да го реформираат Советот за безбедност на ОН. јт/Фото: СБ на ОН .

Извор: МИА