Breaking News

Русија го протера дописникот на „Ел Мундо“, Колас


– Дописникот на шпанскиот весник „Ел Мундо“ е протеран од Русија откако властите не му ја продолжија визата Ксавијер Колас по 12 години поминати во Русија вчера мораше да замине откако не доби документи „неопходен“ за работа во земјата.


„Ел Мундо“ тврди дека неименуван руски функционер го информирал Колас оти треба да ја напушти Русија и му се заканил дека ќе има „проблеми“ ако не замине пред истекот на работната виза.


Шпанскиот весник објави и оти Колас изминатите месеци бил посетуван од полицајци во неговиот дом кои барале престане да известува за протестите на сопругите на руските војници, што, како што додава весникот, е „еден од ретките видливи знаци на незадоволство од војната“ во Украина.

Одбивањето на продолжување на визата на новинарот е едно од вообичаените алатки за нарушување на слободата на изразување, пишува весникот, осудувајќи ги „заканите“ и „притисоците“ врз новинарите во Русија.


Колас, кој штотуку објави книга со наслов „Путинистан“, за неговите 12 години поминати во Русија, на Икс истакна дека „не жали за ништо“.

 – Јас само си ја вршев работата, известував што се случува, разговарав со луѓето кои страдаат поради тоа и објаснив кој е одговорен за тоа што се случило, наведе Колас.


Досега неколку странски новинари беа принудени да ја напуштат Русија.

Американскиот новинар Еван Гершкович е во затвор повеќе од една година под обвинение за шпионажа, што тој ги негира, како и неговиот работодавец „Волстрит журнал“.  ми/фото: МИА архива .


Извор: МИА