Русија ги замрзна сметките на финската амбасада и конзулат


Русија ги замрзна банкарските сметки на финската амбасада во Москва и на конзулатот на таа земја во градот Санкт Петербург, јави весникот „Хелсингин саномат“, пренесува Анадолија. .


Финското Министерство за надворешни работи потврди дека не може да се пристапи до сметките и дека ситуацијата е сериозна и оти го истражуваат случајот.


Министерството посочи и дека Финска стапила во контакт со руските власти во врска со ова прашање. ссм/фото: Википедија .

Извор: МИА