Breaking News

„Роса школа за доење“ ќе биде отворена во Клиничката болница Тетово


Министерот за здравство Фатмир Меџити и генералниот директор на Пивара Скопје, Душан Митрев, денеска ќе го посетат Одделот за гинекологија и акушерство во Клиничка болница Тетово по повод отворањето „Роса школа за доење“ во оваа јавна здравствена установа.


-Во неа, младите мајки и идни родители ќе имаат можност со поддршка од медицински лица да добијат стручна помош, вклучувајќи едукација за важноста и придобивките од доењето, соопшти Министерството за здравство.


  Платформата „Роса школи за доење“ продолжува и во 2024 година и по тој повод, наведува Министерството, со генералниот директор на Пивара Скопје, Душан Митрев ќе биде потпишан  меморандум за соработка за опремување на уште две нови школи за доење во јавни здравствени установи во државата.

хс/бак/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА