Breaking News

Романската министерка за надворешни работи Одобеску во посета на Скопје


Шефицата на дипломатијата на Романија Луминица Одобеску денеска ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи.


Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи, поддршката на Романија за европската интеграција на Северна Македонија, партнерството во рамки на НАТО, како и останатите актуелности од областа на надворешната политика.


Планирано е министрите да потпишат Акциски план за соработка меѓу министерствата за надворешни работи на двете држави и Протокол за соработка во областа на образованието.

 За време на престојот во Скопје, министерката Одобеску ќе има средби и со други високи државни претставници. ев/са/Фото: Влада на Романија  .


Извор: МИА