Breaking News

Романија ќе испрати 100 војници заради зајакнување на присуството на КФОР


  Романските власти синоќа најавија дека ќе испратат околу 100 војници за да го зајакнат присуството на КФОР во Косово по порастот на тензиите со Србија.


 „Букурешт ќе испрати свој контингент“, напиша романскиот амбасадор во НАТО Ден Некалеску на социјалната мрежа Х.


НАТО во петокот соопшти дека е подготвен да ги засили силите на КФОР, по вооружениот напад на 24 септември на северот на Косово, каде што загинаа косовски полицаец косовски и тројца Срби, кои беа дел од групата што го изврши нападот.

Велика Британија, членка на НАТО, минатата недела објави дека испраќа околу 600 војници на Косово за да го засили КФОР. ссм/фото: архива .


Извор: МИА