Романија е домаќин на Самитот на Иницијативата „Три мориња“


Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска ќе биде домаќин на Самитот на  Иницијативата „Три мориња“ во Букурешт.


Настанот вклучува претставници од сите 12 земји кои учествуваат во Иницијативата (Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Словенија, Романија), како и стратешките партнери – САД, Европската комисија и Германија.


На форумот ќе има гости од Грција, Украина, Република Молдавија, Јапонија, Обединетото Кралство, Франција, Турција и од меѓународни организации како Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Организацијата за економска соработка и развој, Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка.

Романија е првата од земјите учеснички во иницијативата „Три мориња“ која по вторпат организира самит.


За време на форумот, Клаус Јоханис ќе ги презентира резултатите од мандатот на земјата на чело на иницијативата (јуни 2022 – септември 2023 година).

На крајот од дискусиите се очекува да биде усвоена заедничката декларација со која Грција ќе стане 13-та земја учесничка во Иницијативата како полноправна членка, а Украина и Република Молдавија ќе добијат статус на придружни членки.


ссм/фото: архива .

Извор: МИА