Breaking News

Родителите на момчето што изврши масакр во училиште во Белград негираат вина


– Мајката и таткото на момчето кое на 3 мај уби девет деца и училишниот чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, Владимир и Миљана К.


денеска на судењето во Вишиот суд во Белград, ја негираа вината. Вина негираше и сопственикот и вработените на стрелиштето.


Судскиот процес се одвива зад затворени врати со цел да се заштитат правата и интересите на сите малолетни жртви во таа постапка.

Покрај таткото обвинети се и сопственикот на стрелачкиот клуб, каде момчето научило да пука и инструкторот во тој клуб.


Во обвинението на Вишото јавно обвинителство во Белград беше предложено судот да го осуди Владимир К. на затворска казна од 12 години, Миљана К.

на затворска казна од 2,5 години, додека сопственикот и инструкторот да бидат осудени на три години, кои се обвинети и за давање лажни изјави. Владимир К.


се товари за кривично дело тешки дела против општата безбедност бидејќи го обучувал својот 13-годишен син да ракува со огнено оружје, го однел на стрелиште, што не е соодветно на возраста на момчето и поради тоа што не го чувал безбедно оружјето како што е предвидено со закон.

Вишото јавно обвинителство ја товари мајката на момчето за кривично дело недозволено држење и носење оружје и распрскувачки материи.  ми/фото: МИА архива .


Извор: МИА