Breaking News

Републиканците на четврта дебата, повторно без Трамп


На четвртата републиканска дебата, во рамките на трката за претседателска номинација на партијата, учествуваа гувернерот Рон де Сантис, поранешната амбасадорка на Обединетите нации Ники Хејли, претприемачот Вивек Рамасвами и поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи.


На дебатата и овојпат не учествуваше поранешниот американски претседател Доналд Трамп.


Наместо да биде на настанот, одржан во Тускалоса, Алабама, тој беше на Флорида и собираше средства за неговата кампања.

 Абортусот, тема која често се споменува во републиканските дебати, не беше на дневен ред, иако сите учесници беа за забрана на правото на прекинување на бременоста на сојузно ниво.


И покрај двете масовни престрелки во Невада и Тексас, кандидатите не разговараа за оруженото насилство во Америка.

Климатските промени не беа предмет на голема дискусија, освен завршната изјава на Рамасвами, во која тој ја нарече борбата против ефектите од климатските промени „големо прашање“ за кое треба да се разговара.


Како што оценуваат медиумите, дебатата покажала колку е силно влијанието на Трамп во Републиканската партија.

„Битката за второто место стана најголемото губење време, пари и енергија што некогаш го видела политиката“, рече Каролин Ливит, портпаролка на организацијата „Направете ја Америка повторно голема“, која го поддржува Доналд Трамп.


Во јануари во Ајова ќе се одржат првите внатрепартиски избори за републиканскиот кандидат за претстојните претседателски избори во САД. паг/Фото: МИА архива   .

Извор: МИА