Релативно топло, викендот постудено со снег


Во дел од котлините наутро ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку ден, времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди.


Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец.


Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има врнежи, кои во пониските места ќе бидат најпрвин од дожд, а потоа ќе преминуваат во снег.

На планините и на повисоките места, врнежите ќе бидат од снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен и долж Повардарието ќе засилува.


Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои постепено ќе преминат во снег.


Ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 13 степени.

Под влијание на влажен и студен бран, за сабота синоптичарите најавуваат врнежи претежно од снег, кои наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови.


На планините ќе се формира значителна снежна покривка над 30 сантиметри, а во пониските места од три до десет сантиметри.

Ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието и температурите значително ќе опаднат.

Локални врнежи од снег ќе има и во недела претпладне, а од понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. бд/бак/Фото: МИА .

Извор: МИА