Breaking News

Регионална конференција за младински политики „Сега за иднината!“


Во Скопје денеска и утре ќе се одржи Регионална конференција за младински политики и конструктивни наративи на локално ниво „Младински соседски дијалози: Сега за иднината!“.


Како што информираат од канцеларијата на УНДП во Скопје, пред присутните ќе се обратат Росана Дуџак, постојана координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Сања Бојаниќ, заменичка на постојаниот претставник на УНДП, Наумче Мојсоски, директор на Агенцијата за млади и спорт, Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид и претставници на младинските совети во општините.


Дводневната конференција обединува 50 млади носители на одлуки на локално ниво (градоначалници, членови на општински совети, службеници за млади  на локално ниво, претставници на граѓанското општество и локални младински совети) од земјите од регионот, кои ќе дебатираат на повеќе теми поврзани со младински политики и конструктивни наративи на локално ниво.

фф/лв/Фото: Фејсбук на УНДП Македонија .


Извор: МИА