Регионална конференција „Подготвеност за земјотреси и урбана отпорност“


Регионална конференција „Подготвеност за земјотреси и урбана отпорност“ ќе се одржи денеска во Скопје.


 Настанот, како што соопштија од канцеларијата на УНДП во Скопје, ќе го отворат градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, Марина Валтер, заменичка постојана претставничка на УНДП за Европа и Централна Азиjа, како и Тоили Курбанов, извршен координатор на Организацијата на волонтери на ОН.


Конференцијата се одржува со цел презентирање успешни примери за справување со природни катастрофи во населени места, како и мапирање нови иновативни решенија за унапредување на урбаната отпорност со фокус на климатски промени, зелена транзиција и урбано планирање на иднината.

Во организација на Програмата за развој на Обединетите нации, на конференцијата ќе учествуваат над 30 регионални експерти од областа на урбаното планирање, архитектурата, како и професионалци кои работат во областа за спречување катастрофи.


мс/са/фото: МИА архива .

Извор: МИА