Breaking News

Регионална конференција „Интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ-предизвици и перспективи“


„Интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ-предизвици и перспективи“ е насловена денешната регионална конференција, што ќе се одржи во Скопје, во организација на Подгоричкиот клуб и Универзалната мировна федерација.


Како што е најавено од организаторите, на почетокот на конференцијата обраќање ќе имаат претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и поранешниот претседател на државата, Бранко Црвенковски.


Во текот на конференцијата, најавено е и обраќање од претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и на министерката за одбрана Славјанка Петровска.

На конференцијата ќе се обратат и поранешни претседатели и премиери наземјите од регионот, како и претставници на организации кои ги претставуваатмладите во процесот на евроинтеграциите.


Конференцијата во Скопје е дел од циклусот настани поврзани со мирот ибезбедноста во Западен Балкан одржани во последните две години восоработка на Подгоричкиот клуб и Универзалната мировна федерација.

цр/аа/Фото: принтскрин .


Извор: МИА