Breaking News

Реформата на миграциската политика на ЕУ е најдобриот можен компромис за Италија, тврди италијанскиот министер Пјантедози


Реформата на миграциската политика на ЕУ е најдобриот можен компромис за Италија, пренесоа агенциите, цитирајќи го италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози.


Овој компромис ги зема предвид приоритетните потреби на Италија, која е на првата линија на миграциските текови, нагласи министерот.


Грција, која исто така е на првата линија на миграциските текови, веќе го поздрави усвојувањето на пактот за миграциската реформа. рп/Фото: ЕПА .

Извор: МИА