Breaking News

Редовно годишно собрание на МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе одржи Редовно годишно собрание.


Претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, ќе има експозе за МАНУ во 2023 година и предизвиците во претстојниот период.


На дневен ред на собранието на Академијата се Предлог-извештај за работата во 2023 и Предлог-програма за работата во 2024 година од Претседателството на МАНУ.

 За финансиските планови на Академијата во оваа година излагање ќе има секретарот на МАНУ, дописен член Блажо Боев. хс/са/   Фото: МИА архива  .


Извор: МИА