Breaking News

Речиси половина во државниот БДП е од Скопскиот регион


Скопскиот регион со 44. 9% имал најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Северна Македонија во 2022 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.


Пелагонскиот регион во БДП на државата учествува со 10. 0%, Југозападниот со 8. 8%, Југоисточниот со 8. 7%, Источниот со 8. 0%, Полошкиот со 7. 5%, Вадарскиот со 7.


3%, а најмало е учеството на Североисточниот регион со 4. 8%. Скопскиот регион има и најголем бруто-домашен производ по жител, за 25. 7% повисок од просекот на државата. Над државниот просек за 8.

0% е само уште Југоисточниот регион.   Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Северна Македонија. са/дма/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА