Breaking News

Реакција на директорот на ЈПДП Рустеми на прес-конференцијата на министерот за транспорт и врски Николоски


Реакција  во  врска  со  вчерашната  прес-конференција на министерот за транспорт и врски.


Изнесените тврдења на прес-конференцијата на министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, а по наодите на Државниот завод за ревизија, за наводни нерегуларности во работењето на Јавното претпријатие за државни патишта, ги отфрламе како неточни и неосновани, со впечатлива политичка позадина.


Почитувани,

Јавноста е запозната дека во изминатиот период ЈПДП има реализирани рекордно ниво на           капитални    инвестиции    во        патната инфраструктура, сѐ со цел за подобрување на патната мрежа, на автопатското поврзување, на одржување и унапредување за безбедно одвивање на сообраќајот низ целата држава. Минатата година, исто така, регистрирано е рекордно ниво на приходи од патарини, а воведена е електронскa наплата на патарини. Во истиот       период,        направени          се            големи зафати за редовно одржување на патиштата: чистење, кастрење на вегетацијата и слично, за    поголема        безбедност  и     сигурност за одвивање на сообраќајот.


Конечно, минатата година започна со реализација и најголемиот инфраструктурен проект во историјата на современата македонска држава, тоа се европските Коридор 8 и Коридор 10д.

Во сите овие реализирани проекти, од страна на ЈПДП и менаџментот, испочитувани се сите законски процедури, за коишто има и соодветна документација. Од друга страна, пак, за сето ова, навремено, транспарентно и отчетно е информирана јавноста, и тоа во сите фази од   реализацијата на проектите на коишто работело претпријатието.


Почитувани,

Во оваа прилика, за работите да бидат појасни со валидни и релевантни информации, уште еднаш сакаме да ги афирмираме деталите од клучните проекти кои се наведени на вчерашната прес конференција:


–     Проект за изградба на автопат, патна делница Кичево-Охрид. Вредноста на договорот е зголемена со Закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурните проекти, за изградба на патна делница Миладиновци- Штип и патна делница Кичево-Охрид, објавен во Службен весник бр.208 од 14.11.2018 година.

–   Проект втора делница ТЕН-Т проект за автопат од Скопје до граница Косово, проценетата вредност од 112 милиони евра е зголемена на 198 милиони евра од страна на независна техничка консултантска куќа – Аткинс, ангажирана од ЕБОР, во соработка со проектантот Конзорциумот Хил Интернешнл, избран преку ИПФ 7 со грант од Европска комисија. При изборот на консултантската куќа и проектантот, ЈПДП немал и не може да има никакво влијание.

–   Проект во ИПА II – Изградба на патна делница Градско-Дреново.

Потенцираме дека во ИПА оперативната структура Министерство за финансии – ЦФЦД ги има обврските на “Договорен орган”, додека Министерството за транспорт и врски е “корисник”, а Јавното претпријатие за државни патишта е “краен корисник”.

Улогите и одговорностите на трите ентитети се регулирани со Оперативен договор за секторската оперативна програма за транспорт 2014-2020, каде ЦФЦД ја има одговорноста за спроведување на тендерските постапки, склучување на договори и вршење на исплати за активности финансирани од ЕУ.

Јавното претпријатие за државни патишта како “краен корисник” ги презема и ги има извршено навремено сите обврски од технички аспект за кои е надлежна според Оперативниот договор.

Почитувани,

Јас, како директор, и ЈПДП, стоиме на располагање на сите надлежни институции за секаков вид на проверки и ревизии на нашето работење, за уште еднаш да се потврди законското работење преку реализација на Годишните програми за работа во изминатиот период за што сведочат и резултатите на претпријатието.

За крај на оваа наша реакција, апелираме да не се изнесуваат невистини и шпекулации во јавноста поврзани со работењето на ЈПДП и неговиот менаџмент, затоа што ваквите невистини штетат на угледот на самото претпријатие, на раководните лица и на сите вработени.

Јавното претпријатие за државни патишта е институција којашто заслужува најголема почит заради нејзините резултати во изминатиот период затоа треба да се стави на страна од дневнополитичките агенди.

 

Ејуп Рустеми,
Директор на Јавното претпријатие за државни патишта

.

Извор: МИА