Breaking News

Раст на просечната каматна стапка кај кредитите и кај депозитите во април


Просечната каматна стапка на вкупните кредити и на вкупните депозити во април бележи раст.


Според податоците на Народната банка, просечната каматна стапка на вкупните кредити во април изнесува 5,08 проценти, а на вкупните депозити 1,17 проценти.


 Зголемување има кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити и на месечно и на годишно ниво и тоа за 0,18 и 1,46 процентни поени, како и кај новопримените депозити за 0,19 и 1,58 процентни поени.

Кај корпоративниот сектор забележано е зголемување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и на вкупните депозити.


Кај новоодобрените кредити просечната каматна стапка бележи раст од 0,26 процентни поени на месечна основа и сега изнесува 5,53 проценти.

 Кај домаќинствата, каматната стапка на вкупните кредити останува непроменета во однос на претходниот месец, а кај новоодобрените кредити има зголемување од 0,03 процентни поени и изнесува 5,26 проценти.


бак/лв/Фото: Народна банка .

Извор: МИА