Breaking News

Работна сабота во општина Кисела Вода посветена на барањата на граѓаните


 Во рамки на работната сабота, градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска во својот кабинет телефонски разговараше со повеќе од 70 граѓани, а со дел од нив се сретна лично.


 Како што информира Општина Кисела Вода, денешниот ден е посветен на граѓаните кои имаат некакво барање, проблем или изразиле желба да остварат средба со Ѓорѓиевски.


Барањата се евидентирани и, како што се наведува, веднаш ќе се пристапи кон нивно решавање. Ќе се работи до крај на денот, по потреба и во текот на утрешниот ден.

-Денес, од рано наутро сум во мојот кабинет каде досега остварив телефонски разговор со повеќе од 70 мои сограѓани, кои имале потреба или оставиле нивни контакт на службите во Општината.


Со оние кои имаа потреба од лична средба, веќе ја остваривме или ќе ја остваривме во текот на денешниот ден.

Мојот тим ги запишува барањата и веднаш пристапуваме кон нивно решавање, изјави градоначлникот на Општина Кисела Вода.


Некои граѓани, како што соопшти, немаат никаков проблем, туку им треба само пријателски разговор во кој ќе споделат и некоја идеја од која ќе произлезе проект во иднина, а дел даваат поддршка за сработеното.

– Ќе останам тука цел ден, а ако има потреба и утре. Ќе разговарам или остварам лична средба со секој оној кој има потреба, во мојот кабинет или надвор, на пријателско кафе.


На проблемите ќе им погледнеме во очи и директно ќе ги решаваме. Мојот народ мора да е задоволен, нагласи Ѓорѓиевски.

Приемните денови се закажуваат на телефон 02/2785-401, каде граѓаните се информираат за датумот и времето на средбата. мд/дма/Фото: Општина Кисела Вода  .

Извор: МИА