Breaking News

Путин: Украина не е наш непријател, туку Западот, кој ја користи за да се бори против Русија


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека непријателот на Русија не е Украина, туку „западните елити“ кои ја поддржуваат.


Според него, Украина е „само алатка во рацете на колективниот Запад што ја користи за да се бори против Русија“, пренесува РТНа прашањето за поддршката на Западот за Украина, рускиот претседател рече дека елитите на колективниот Запад се „вистинските непријатели на Русија“.


„Поентата не е дека тие му помагаат на нашиот непријател, туку дека тие се наш непријател.

Тие ги решаваат своите проблеми зад грбот на Украина“, рече Путин во воената болница во Москва, каде се сретна со руските војници повредени во војната во Украина. рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА