Breaking News

Путин ќе ја одржи својата годишна прес-конференција


Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ја одржи својата маратонска прес-конференција откако минатата година го откажа годишниот декемвриски спектакл, јави ДПА.


Прес-конференцијата во живо ќе ја пренесува државната телевизијаОвојпат ќе се одржи прес-конференција за избрани новинари, по што ќе следи сесија со прашања и одговори за обичните Руси наречена „Директна линија со Владимир Путин“.


Руските државни медиуми објавија дека веќе се поднесени повеќе од милион и пол прашања.

Путин, кој е на власт како премиер или претседател од 2000 година, ги одржува овие медиумски настани повеќето години. Понекогаш траат повеќе од четири часа.


Но, минатиот декември тој ја откажа прес-конференцијата за првпат по 10 години.

Во тоа време, упатените во Кремљ беа убедени дека Путин сака да ги избегне прашањата на меѓународните новинари, додека неговата армија претрпе серија неуспеси во Украина.


 За разлика од претходните прес-конференции на Путин на крајот на годината, овојпат нема формална процедура за акредитација, а Кремљ испрати покани само до избрани новинари. мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА