Путин и Раиси разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток


Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со својот ирански колега Ебрахим Раиси за „заострената“ ситуација на Блискиот исток до која дојде по израелскиот напад врз Иранскиот конзулат во Дамаск и одмаздата на Иран со нападот викендов.


Путин изразил надеж дека сите страни ќе покажат разумна воздржаност и нема да дозволат нова рунда конфронтации, што би можело да има катастрофални последици за целиот регион, додека Раиси посочил дека акциите на Иран биле изнудени и ограничени по природа, соопштија од кабинетот на Путин.


Се додава дека разговорите се одвивале на иницијатива на иранската страна. Раисил рекол и дека Иран не е заинтересиран за понатамошна ескалација на тензиите.

Лидерите се согласиле дека главната причина за актуелните настани на Блискиот Исток е нерешениот палестинско-израелски конфликт и во тој контекст потврдија дека Москва и Техеран се посветени на итен прекин на огнот, олеснување на тешката хуманитарна ситуација и создавање услови за политичко и дипломатско решение на кризата.


Путин и Раиси изразиле желба за развој на билатералните односи меѓу двете земји. Путин на Раиси и на муслиманите во Иран им го честитал завршувањето на светиот месец Рамазан. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА