Breaking News

Пукање во трговски центар на Флорида, еден загинат, неколку повредени, напаѓачот побегнал


Еден маж е убиен, а неколку лица се повредени во пукање во трговски центар на Флорида. Напаѓачот го фрлил оружјето и побегнал, јави полицијата во југоисточната американска држава.


Според полицијата, се претпоставува дека убиениот бил цел на напаѓачот. Тој бил застрелан повеќе пати.


Трговскиот центар се наоѓа во градот Окала, Централна Флорида, на околу 130 километри северозападно од Орландо. Засега не се познати повеќе детали. паг/Фото: МИА архива     .

Извор: МИА