Breaking News

Публицис Скопје единствената македонска агенција со награда на Balcannes


Во рамките на „Денови на комуникациите” во Ровињ, беа доделени Balcannes наградите за најдобрите кампањи во регионот.


Во конкуренција на 180 кампањи од регионот, проектот SmoothON на Пивара Скопје, осмислен и реализиран од Публицис Скопје, беше единствената кампања од земјава која освои награда на овој престижен фестивал во категоријата алкохолни пијалаци.


Публицис Скопје го реализираше проектот SmoothON со цел оживување и ставање во фокус на домашната музичка сцена, истакнувајќи истовремено дека Скопско Смут е пиво кое е синоним за младост, слобода и свежина. SmoothON е платформа која ги обединува луѓето што ја создаваат и дефинираат музичката сцена со цел ги пронајде и промовира најсвежите и најоригиналните домашни артисти.

BalCannes е регионален фестивал на креативноста кој ги обединува искуствата од пазарите во Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Србија и Словенија и ги слави најдобрите и најоригиналните проекти, агенции и огласувачи во регионот.