Прво Скопје Бар Шоу и 15. Државно првенство на бармени


Најновите трендови во барската и коктел индустријата ќе може да се проследат на првото Скопје Бар шоу,  што ќе се одржи денеска во Лабораториумот во Скопје, во организација на Здружението на бармени на Македонија (ЗБМ).


Во рамки на Скопје Бар Шоу ќе се одржи и 15-то Државно првенство на бармени. Целта на настанот е унапредување на ХоРеКа сегментот во туристичко-угостителскиот сектор во земјава.


Како што најавуваат од здружението, предвиден е и посебен дел со семинари и мастер класови од реномирани професионалци од земјата и регионот.

Натпреварот во рамки на Државното првенство на бармени започнува во 14. 00 часот, а финалето е од 20. 00 часот.


Победникот ќе ја претставува државата на Светското првенство на бармени во Мадеира, Португалија. вг/лв/Фото: Здружение на бармени на Македонија .

Извор: МИА