Breaking News

Прва конференција за патна инфраструктура: Искуства, предизивици и перспективи


Во Охрид денеска ќе се одржи Првата конференција за патна инфраструктура, искуства, предизвици, перспективи.


Конференцијата е во организација на Здружението за градежништво, индустрија за градежни материјали и неметали при Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Министерство за транспорт и врски и ЈП за државни патишта.


На отворањето на конференцијата, како што е најавено од организаторите, ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми и претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески.

дма/лв/Фото: МИА архива   .


Извор: МИА