Breaking News

Прв регионален самит The New Gen(D)eration во Скопје


Во организација на Фондацијата Хајнрих Бел од Сараево, денеска и утре во Скопје ќе се одржи првиот регионален самит насловен The New Gen(D)eration, кој се реализира во соработка со Коалиција МАРГИНИ (Скопје) и со поддршка на Фондацијата Kvinna till Kvinna.


Намерата, преку овој собир на активистки, академици, истражувачки, креатори и креаторки на политики и други оператори од регионот и пошироко, како што најавуваат организаторите, е да се продлабочи разбирањето, да се сподели знаењето и да се развијат стратегии кои придонесуваат на унапредувањето на родовата еднаквост и социјалните промени.


-Целта е да се истражат и адресираат предизвиците со кои се соочува граѓанското општество при третирање на овие прашања, како и да се унапредат родовата демократија, правата на жените и ЛГБТИК лицата.

Самитот е фокусиран на три поенти: одговор на порастот на анти-родовите мобилизации, демонтирање идеологии на насилство и феминистички институции, се наведува за форумот.


Главни говорници на посочените теми се Роман Кухар, Адријана Захаријевиќ и Сузана Милевска. вг/aa/Фото: Принтскрин    .

Извор: МИА