Протести против владата и локалните власти на годишнината од разорните земјотреси во Хатај


Голем број луѓе се собраа денеска во градот Антакија на бдение по повод годишнината од разорните земјотреси во југоисточна Турција минатата година, пренесува електронското издание на турскиот град „Ајденлук“.


Историскиот град Антакија, кој се наоѓа во областа Хатај што се граничи со Сирија, беше урнат од потресите минатата година.


На свеченоста во Антакија за почит на споменот на жртвите од земјотресите присуствуваше и министерот за здравство Фахретин Коџа.

Незадоволните граѓани протестираа и против градоначалникот на Антакија, Лутфу Саваш, кој е од главната опозициска Народно-републиканска партија (НРП).


Толпата извикуваше „Владата да поднесе оставка и Лутфу да поднесе оставка“. Над 215 илјади луѓе во округот Хатај сè уште живеат во контејнерски кампови, а има луѓе кои дури престојуваат и во шатори.

Во меѓувреме, денеска на многу други места во Турција беше организирано бдеење во спомен на загинатите во трагедијата пред една година.


Повеќе од 53 илјади луѓе во Турција и речиси шест илјади во соседна Сирија загинаа во разорните земјотреси, а милиони останаа без покрив над главата.

Повеќе од 140 лица се уште се водат како исчезнати во Турција, меѓу кои 38 деца. мс/фото: МИА архива .


Извор: МИА