Breaking News

Пронајдени телата на австралиски водител и неговиот партнер, убиени од полицаец


Австралиската полиција денеска ги пронашла телата на поранешниот ТВ водител Џеси Берд и неговиот партнер Лук Дејвис, кои наводно биле убиени од полицаецот Боу Ламар-Кондон, поранешното момче на водителот.


Полицијата соопшти дека Ламар-Кондон претходно денеска им дал информации кои ги довеле до телaтa, пронајденi во рурална област на околу 200 километри југозападно од Сиднеј.


„Уверени сме дека ги најдовме Лук и Џеси“, изјави началникот на полицијата Карен Веб.

Злосторството наводно било извршено во местото Падингтон, каде бил пронајден куршум што одговарал на службениот пиштол на полицаецот, заедно со значително количество крв и знаци на борба.


Телата биле откриени на фарма во градот Бангонија, а полицијата пронашла облека со крв, телефон и кредитни картички во контејнер во Кронула, 28 километри од местото на злосторството.

Ламар-Кондон минатата недела беше обвинет за двојното убиство. рп/Фото: ЕПА .


Извор: МИА