Breaking News

Пронајдена дрога при претрес во Скопје


Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје вчера во 13:10 часот на подрачјето на Карпош ја лишиле од слобода Н. С. (51) од Тетово, со престој во Скопје.


Како што информира МВР, при претрес во нејзиниот дом, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.


Жената била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против  неа ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/ац/Фото: МИА архива .

Извор: МИА