Breaking News

Промовирани девет доктори на науки на 22. Митровденски средби во Штип


Во Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип денеска беа промовирани девет доктори на науки, во рамките на 22. Митровденските средби.


-Митровденските средби се традиционални и почнале да се организираат од 2002 година.


Идејата е докторите на науки од Штип од 2003 година да добијат една друга димензија, посочи Тодор Џидров од НУУБ „Гоце Делчев“. Од областа на медицината и годинава имаше најголем дел доктори на науки.

Се презентираа доктори на науки и од областа на угостителството, образовни и економски науки, културолошки студии.


За голем дел од нив ова преставува мотив да продолжат да создаваат за идните генерации, но и да бидат поттик за младите да чекорат по нивните стапки.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов во својот говор на Митровденските средби на доктори на науки истакна дека граѓаните кои се стекнале со титула доктори на науки се едни од најзаслужните за развојот на Штип.


-Чест и задоволство ми е што сум дел од овој настан како градоначалник на град Штип, кој е образовен центар во истокот од Македонија. Митровденските средби го потврдуваат тоа.

Можеби една од најголемите инвестиции во нашиот град е отворањето на Универзитетот „Гоце Делчев“,кој е генератор на развојот на градот, а нашите сограѓани кои се стекнале со називот доктори на науки се најзаслужни за тоа, рече Јорданов.


Во Штип досега се промовирани 539 доктори на науки, од кои 144 доктори на науки се промовирани на Митровденските средби. вдј/бт/Фото: МИА .

Извор: МИА