Breaking News

Промовирање на анализата „Пристап до високо образвание за лицата со попреченост во РСМ“


Клучните наоди и препораките од анализата „Пристап до високо образвание за лицата со попреченост во РСМ“, денеска на прес – конференција ќе ги промовира државниот советник во канцеларијата на Народниот правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа.


Преку конкретните препораки кои ќе се промовираат на оваа прес – конференција ќе се насочат засегнатите чинители (Министерството за образование и наука, Министерство за транспорт и врски, универзитетите и факултетите) кон унапредување на пристапноста на високо образование за лицата со попреченост, во насока на имплементирање на мерки за остварување на заложбите за поинклузивна иднина за лицата со попреченост во нивниот пристап до високото образование.


Анализата за потребите на Народниот правобранител е поддржана преку проектот „Практикувај демократија“ спроведуван од Фондацијата за демократија на Вестминстер, поддржан од Британската амбасада во Скопје, а ја спроведе Кристијан Лазарев и Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“.

дма/вј/Фото:МИА архива .


Извор: МИА