Промовирана монографијата Компаративна анализа на општествени состојби и предизвици на Балканот на ИСППИ


Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања – Скопје на 20. 12. 2023 година организираше промоција на монографијата Компаративна анализа на општествени состојби и предизвици на Балканот.


Монографијата претставува зборник на текстови од група автори од ИСППИ од различни научни области, а се темели на резултатите од истоименото научно истражување, спроведено во 2022 година и финансирано од интегративните средства на Универзитетот „Св.


Кирил и Методиј“ во Скопје. Раководител на научноистражувачкиот проект беше проф. д-р Драгор Заревски, а секретар на проектот беше асс. м-р Теа Конеска-Василевска. .

Извор: МИА