Breaking News

Промоција на видео, брошура и постер за убаво однесување со деца со попреченост


Граѓанската организација Пркос денеска ќе одржи промоција на нивниот нов проектм кој содржи триформатен пакет –  видео, брошура и постер, за убаво однесување со децата со попреченост.


Организаторите информираат дека пакетот се состои од 10-минутно видео, во кое преку нарациите на Бистра Поповска, Ева Смилевска и Јане Велковски, надополнети со илустрациите на Ивана Маркоска Докоска, гледачот на духовит и сликовит начин се советува како треба да се однесува во обични ситуации.


– Во брошурата и постерот, десетте практични совети ги систематизиравме концизно за да ви помогнат и за да ве охрабрат како да се запознаете со различните луѓе на каква било возраст и полесно да комуницирате со поинаквите од вас.

Откако ќе ги прочитате, веројатно сите ќе се согласиме дека ако ги применуваме, атмосферата ќе биде позитивна и пријатна, велат од „Пркос“. сх/сп/ .


Извор: МИА