Breaking News

Промоција на „Сложувалка“ на Васил Ханџиски утре во „Буква“


На ден 20.7.2023 (четврток) ќе се одржи промоција на првата стихозбирка на младиот поет Васил Ханџиски во кафе-книжарница ,,Буква” со почеток во 20:30. Промотор на стихозбирката ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, а пред официјалниот почеток на промоцијата ќе има DJ сет на Емили.


„Дебитантската поетска збирка на младиот поет Васил Ханџиски е сложувалка од теми посветени на првите искуства на секој млад човек, првите љубови и разделби, првите средби со градските ликови, фрустрациите од општеството. Поделена во пет делови, стихозбирката „Сложувалка“ е рефлексија на љубовта, домот и неговото напуштање, градовите и луѓето во нив, странствувањето и осаменоста, љубовта кон девојката, но и кон ракијата. Авторот ги поставува стандардните младешки прашања поврзани со овие теми, се осврнува на личните чувства, но и во неколку наврати упатува критика кон ова „општество што тоне во бездна“. Почнувајќи со алкохолот, минувајќи низ љубовта и домот, а завршува со себепромислување и опишување на другите, оваа збирка е своевидна панорама на она што значи младоста – јас во себе и сè околу мене“ – Андреј Медиќ Лазаревски.


Стихозбирката е во издание на издавачката куќа „ПНВ Публикации“.