Breaking News

Промоција на публикацијата „Во(н) фокусот на медиумите: Демократски институции, владеење на правото и реформи во јавната администрација“


Во Скопје денеска ќе се одржи промоција на шестата публикација на ИМА, насловена „Во(н) фокусот на медиумите: Демократски институции, владеење на правото и реформи во јавната администрација“.


Станува збор за извештај од мониторинг на медиумите за темите – демократски институции, владеење на правото и реформа на јавна администрација.


Како што е најавено, на настанот ќе се обрати амбасадорката на Швајцарија во земјава, Вероник Хулман, а излагања ќе имаат и Славица Грковска, заменик на претседателот на Владата задолжена за политики на добро владеење, Александар Кржаловски, извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Катерина Колозова, директорка на Институтот за општествени и хуманистички науки и Жарко Трајаноски, раководител на истражувања во ИМА.

Настанот е дел од активностите на проектот „Преку деполаризација до демократски, стабилни и инклузивни институции: Придонес на граѓанското општество“, што го спроведуваат Институтот за општествени и хуманистички науки, Институтот за медиуми и аналитика (ИМА), Балканскиот институт за регионална соработка (БИРС) и Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“.


Проектот е финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата ЦИВИКА Мобилитас. бт/мд/Фото/ МИА Архива .

Извор: МИА