Breaking News

Промоција на првата Британска бизнинс асоцијација


Британската амбасада Скопје денеска на прес – конференција ќе информира за поддршката на амбасадата за основањето на првата Британска бизнис асоцијација, организација чија цел е унапредување на трговските врски помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, застапување на интересите на британските компании во земјава и останати компании кои имаат британски бизнис интереси.


На прес – конференцијата ќе се обратат британскиот амбасадор Метју Лосон, британскиот трговски претставник за Западен Балкан, Мартин Викерс, како и основачите на Британската бизнис асоцијација, Боријан Борозанов, директор за производство за Европа, Џонсон Мети, Ивица Талевски, заменик генерален директор и директор за одржливост, Рудник Саса и Рајан Велманс, главен извршен директор и ко-основач, СоПро.


дма/са/     .

Извор: МИА