Промоција на проектот „ЕУ за човекови права: Вклучување на концептите за недискриминација во законодавството“


Делегацијата на Европската Унија во Скопје и Министерството за труд и социјална политика денеска ќе го претстават проектот „ЕУ за човекови права: Вклучување на концептите за недискриминација во законодавството“.


На настанот ќе се обратат министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, Мари-Мадлин Канелопулу, прв советник и раководител за економски прашања, институционална градба, прекугранична соработка, од Делегацијата на ЕУ и проф. Алесандро Симони, лидер на тимот за спроведување на проектот.


Ќе бидат презентирани дел од изработените документи во рамки на проектот, кој е финансиран од ЕУ.

Организаторите информираа дека се поканети претставници на повеќе надлежни министерства, институции кои се креатори на политики за превенција и заштита од дискриминација, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Народниот правобранител, граѓански организации, новинари, пратеници, застапници за човекови права итн.


Проектот има за цел зајакнување на правната средина и имплементацијата на еднаквоста и недискриминаторските принципи и практики. Предвидува препораки за ажурирање на правната рамка во согласност со релевантното законодавство на ЕУ и најдобрите практики кои ќе гарантираат создавање силни правни основи за превенција и заштита од сите форми на дискриминација.са/вг/