Breaking News

Промоција на Оперативен план за активни програми и услуги на пазарот на трудот 2024 година


Техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, Ведат Османи, директор на Агенција за вработување и Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во Скопје денеска ќе се обратат на официјалната промоција на Оперативниот план за активни програми и услуги на пазарот на трудот 2024 година.


Како што соопштија од Министерство за труд и социјална политика, по обраќањата е предвидена експертска дискусија по повеќе прашања како што се најновите регионални трендови за развој на иновативни модели за вработување и зголемување на вработливоста, каде сме ние на паток кон воспостапување одржлива зелена агенда и дигитални процеси кај малите и средни претпријатија и кој е вистинскиот импакт за развој на приватниот сектор.


  цр/лв/Фото: принтскрин .

Извор: МИА