Breaking News

Промоција на книгата „Теорија и системи на безбедност“ од Оливер Бакрески


– Во Музејот на македонската борба денеска ќе биде промовирана книгата „Теорија и системи на безбедност“ од проф. д-р Оливер Бакрески. Промотори на книгата ќе бидат проф.


д-р Ратко Дуев, декан на Филозофски факултет, проф. д-р Јасмин Ахиќ, декан на Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии од Сараево и проф.


д-р Желимир Кешетовиќ, редовен професор на Факултетот за безбедност од Белград.

На промоцијата, според најавата на организаторите, ќе стане збор за исклучително важни теми кои се поврзани со безбедноста, заштитата на легитимните национални интереси, зачувувањето на државата од закани кои придонесуваат да се влоши квалитетот на животот на граѓаните или се закана значително да се намали опсегот на избор на политики за одговор на закани.


Настанот ќе биде и можност да се чујат ставовите на претставници на научни академски установи од регионот за прашања поврзани со безбедноста и за безбедносните институции и други општествени чинители кои ги синтетизираат напорите за да се обезбеди гарантирање оптимален степен на безбедност.

са/бак/  .


Извор: МИА