Breaking News

Промоција на книгата „Долгата транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“ 


Книгата „Долгата транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“ вечер, во 18 часот, ќе биде промовирана во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје.


Книгата е приредена од историчарот и професор од Велика Британија Роберт Хадсон и Иван Додовски, професор по критичка теорија и литература на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.


Книгата на англиски јазик ја објави академска издавачка куќа „Палгрејв Макмилан“ од Лондон.

Како што информира организаторот Универзитет Американ Колеџ Скопје, за книгата е поканет да зборува францускиот дипломат од кариера амбасадорот Ален Ле Роа.


Публикацијата нуди богата хронологија и современ научен поглед врз значајни аспекти на политичката и културната историја на државата од 1991 година до денес.

Овој научен зборник содржи и поглавја за економски, безбедносни, општествени и културолошки теми за кои пишуваат и девет други научници од земјава: Стево Пендаровски, Жидас Даскаловски, Марјан Петрески, Хирије Абази-Алили, Ненад Марковиќ, Блерим Река, Марина Андева, Лорета Георгиевска-Јаковлева и Огнен Вангелов.


мд/аа/Фото: Универзитет Американ Колеџ Скопје .

Извор: МИА