Breaking News

Промотивна кампања за бесплатна правна помош во Боговиње


Во општина Боговиње денеска ќе биде отворена канцеларија за бесплатна правна помош. На отворањето ќе присуствува министерот за правда Кренар Лога.


Како што е најавено, министерот Лога и градоначалникот на Општина Боговиње, Бесник Емшиу ќе потпишат меморандум за соработка.


 Пред зградата на Општината ќе се одржи и промотивна кампања за бесплатна правна помош. мд/мч/Фото: МИА архива   .

Извор: МИА