Breaking News

Променливо облачно, температурата до 8 степени


Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од -10 до -3, а максималната од 1 до 8 степени.


Во Скопје ќе биде променливо облачно и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 3 степени.


Како што информира УХМР, до недела ќе се задржи стабилно и постудено време со ниски утрински температури. Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Во понеделник и вторник ќе има зголемување на облачноста и локални врнежи. мч/aa/Фото: МИА архива .


Извор: МИА