Breaking News

Променливо облачно со услови за краткотраен пороен дожд


– Времето денеска ќе биде променливо облачно, во раните утрински часови со услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер од над 70 километри на час и град.


Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер од над 70 километри на час и град.


Услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има и во раните утрински часови. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 31 степен Целзиусов.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен до засилен северен ветер.


Потоа се очекува стабилно и потопло време. вј/вг/Фото: МИА архива .

Извор: МИА